Политика за приватност

Датум на влегување во сила:31 октомври 2018 г.

Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42-21“( „ни“, „ние“ или „наше“) управува со мобилната апликација mZaednica/ мЗаедница („Услугата“).

На оваа страница ќе најдете информации за собирањето, употребата и обелоденувањето на лични податоци кога ги користите нашите услуги и кои избори треба да ги поврзете со тие податоци. Политиката за приватност на Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42-21“ е составена во согласност со општите политики за приватност и ГДПР (GDPR – General Data Protection Regulation) односно со Европската регулатива за Заштита на личните податоци која стапи на сила на 25ти мај, 2018 година.

Вашите податоци ги користиме за да ја обезбедиме и да ја подобриме Услугата. Со користење на Услугата, вие се согласувате информациите да се собираат и употребуваат во согласност со оваа политика. Освен ако не е поинаку утврдено во оваа Политика за приватност, поимите што се користат во оваа Политика за приватност го имаат истото значење како и во нашите Услови за користење.

Собирање и употреба на информациитe

Ние собираме неколку различни видови информации за разни цели за да ви ја обезбедиме и да ја подобриме нашата Услуга.

Видови податоци што се собираат

Лични податоци

Кога ја користите нашата Услуга, може да побараме од вас некои лични препознатливи информации што можат да се користат за контакт со вас или за да ве идентификуваме („лични податоци“). Личните препознатливи информации можат да вклучуваат, но не се ограничени на:

* Е-пошта
* Име и презиме
* Телефонски број
* „Колачиња“ и податоци за користење

Податоци за користење

Кога пристапувате до Услугата со и преку вашиот мобилен уред, ние може автоматски да пристапиме и собереме одредени информации, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на видот на мобилен уред што го користите, единствениот ИД број на вашиот мобилен уред, IP адресата на вашиот мобилен уред, оперативниот систем на вашиот мобилен уред, галеријата со фотографии, видот на прелистувач што го користите, единствените идентификатори на уредот и други дијагностички податоци („податоци за користење“).

Податоци за следење и „колачиња“

Ние користиме „колачиња“ и слични технологии за следење на активноста на нашата Услуга и чуваме одредени информации.

„Колачиња“ се датотеки со мала количина податоци што можат да вклучуваат анонимен единствен идентификатор.„Колачињата“ се испраќаат до вашиот прелистувач од интернет-страницата и се чуваат на вашиот уред.Технологиите за следење што исто така се користат се „beacons“, „тагови“ и „скрипти“ за собирање и следење информации и за подобрување и анализирање на нашата Услуга.

Може да му дадете упатства на вашиот прелистувач да ги одбие сите „колачиња“ или да најави кога е испратено „колаче“.Меѓутоа, ако не прифатите „колачиња“, нема да можете да користите некои делови од нашата Услуга.

Примери на „колачиња“ што ги користиме:

* **SessionCookies.** Користиме SessionCookies колачиња за една сесија за работата на нашата услуга.
* **PreferenceCookies.** Користиме PreferenceCookies за да запомниме што преферирате и разните параметри.
* **SecurityCookies.** Користиме SecurityCookies за безбедносни цели.

Користење на податоци

Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ги користи собраните податоци за разни цели:

* За обезбедување и одржување на Услугата
* За да ве извести за промени во нашата Услуга
* За да ви овозможи да учествувате во интерактивните опции на Услугата кога вие ќе сакате
* Да обезбеди грижа и поддршка за клиентите
* Да обезбеди анализа или вредни информации за да можеме да ја подобриме Услугата
* За следење на користењето на Услугата
* За откривање, спречување и решавање технички прашања

Пренос на податоци

Вашите информации, вклучувајќи ги личните податоци можат да бидат пренесени – и да се чуваат – на компјутери лоцирани надвор од вашата држава, регион или јуриздикција каде што законите за заштита на податоци можат да се разликуваат од оние во вашата јуриздикција.

Доколку се наоѓате надвор од Македонија и одлучите да ни дадете информации, треба да знаете дека ги пренесуваме податоците, вклучувајќи ги и личните податоци, во Македонија и ги обработуваме таму.

Вашата согласност со Политиката за приватност заедно со вашето доставување на тие информации значи дека се согласувате со тој трансфер.

Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ ќе ги преземе сите разумни потребни чекори за да се осигури дека вашите податоци се безбедни и во согласност со оваа Политика за приватност и вашите лични податоци нема да се пренесуваат во организација или земја доколку нема соодветни контроли, вклучувајќи безбедност за вашите податоци и други лични информации.

Обелоденување на податоци

Законски барања

Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ може да ги обелодени вашите лични податоци верувајќи дека таквото дејство е неопходно за следново:

* Да се постапи во согласност со законска обврска
* Да се заштитат и одбранат правата или сопственоста на Центарот за социјални * иновации „Блинк 42-21“
* Да се спречи или испита можно незаконско дело поврзано со услугата
* Да се заштити личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста
* Да се заштити од законска одговорност

Безбедност на податоци

Безбедноста на вашите податоци ни е многу значајна, но запомнете дека ниту еден метод на пренос преку интернет, или метод на електронско чување не е 100% безбеден. Иако се стремиме да искористиме комерцијално прифатливи средства за заштита на вашите лични податоци, не може да гарантираме апсолутна безбедност.

Даватели на услуги

Може да ангажираме трети лица, друштва и поединци, за олеснување на нашата Услуга („Даватели на услуги“), што ја обезбедуваат Услугата во наше име, вршат услуги поврзани со нашата Услуга или ни помагаат за анализирање како се користи нашата Услуга.

Овие трети лица имаат пристап до вашите лични податоци само за да ги извршат задачите во наше име и имаат обврска да не ги обелоденуваат или употребуваат податоците за други намени.

Аналитика

Може да користиме трети лица како Даватели на услуги за следење и анализирање на употребата на нашата Услуга.

**Firebase** е аналитичка услуга што ја нуди GoogleInc.

Може да исклучите одредени функции на Firebase преку параметрите на вашиот мобилен уред, како што се поставките за реклами или следете ги упатствата на Google во нивната Политика за приватност:https://policies.google.com/privacy?hl=en

Исто така, ве охрабруваме да ја прегледате политиката на Google за заштита на вашите податоци:https://support.google.com/analytics/answer/6004245. За да дознаете повеќе за видот информации што ги собира Firebase, посетете ја интернет-страницата GooglePrivacy&Terms:https://policies.google.com/privacy?hl=en

Линкови до други страници

Нашата Услуга може да содржи линкови до други страници со кои не управуваме ние. Доколку кликнете на линк на трето лице, ќе бидете насочени кон страницата на третото лице. Ве советуваме да ја погледнете Политиката за приватност на секоја страница што ја посетувате.

Ние немаме контрола и не преземаме одговорност за содржината, политиките или практиките за приватност на страници или услуги на трети лица.

Приватност на деца

Нашата Услуга не се однесува на лица под 18-годишна возраст („Деца“).

Ние свесно не собираме лични препознатливи информации за лица под 18-годишна возраст. Доколку сте родител или старател и знаете дека вашите деца ни дале лични податоци, контактирајте нè. Доколку дознаеме дека сме собрале лични податоци од деца без верификација на родителската согласност, преземаме чекори да ги отстраниме тие информации од нашите сервери.

Промени во оваа Политика за приватност

Од време на време, може да ја ажурираме нашата Политика за приватност. Ќе ве известиме за сите измени преку објавување на новата Политика за приватност на оваа страница.

Ќе ве известиме преку е-пошта и/или соопштение на нашата Услуга пред тие промени да влезат во сила и ќе го ажурираме „датумот на влегување во сила“ на почетокот на оваа Политика за приватност.

Ве советуваме повремено да ја проверувате Политиката за приватност за измени.Промените на Политиката за приватност се важечки кога ќе се објават на оваа страница.

Контактирајте нè

Доколку имате прашања за оваа Политика за приватност, контактирајте нè на е-пошта: info@blink42-21.mk