„мЗаедница“ е интерактивна платформа, составена од веб страница и мобилна апликација која на граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да комуницираат и да влијаат врз активностите кои ги презема општината. Со самото најавување и користење на платформата „мЗаедница“ корисникот се согласува да ги почитува овие Правила и условите на користење и да се придржува кон истите. Правото на користење на оваа апликација е лично право на корисникот и не може на ниту еден начин да се пренесе на други физички или правни лица. Корисникот е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинките на својот профил, на местата каде што тие постојат.
  • Со користењето на платфромата „мЗаедница“ корисникот се согласува: Дадените јавни податоци од социјалните мрежи, како и неговата е-пошта при најавата за користење да бидат дел од дата базата и неговиот личен профил;
  •  Неговото име, презиме и поставената фотографија да бидат видливи на сите содржини објавени од преку неговиот профил;
  • Администраторите да острануваат содржини кои се несоодветни, содржат говор на омраза и политичка некорекност објавени на неговиот профил;
  • Администраторите да го избришат неговиот профил, доколку корисникот не ги почитува овие Павилата и условите на користење.
Администраторите на платформата „мЗаедница“ имаат право да ја избришат:
  • Секоја содржина со која се нарушува достоинството и/или репутацијата на корисниците;
  • Секоја навредлива, недлоична и вулгарна содржина кон одреден корисник или одредена група корисници;
  • Секоја содржина која во себе содржи говор на омраза или повикува на насилство;
  • Секоја содржина која повикува на тероризам или екстремизам;
  • Секоја содржина која е нерелеванта за целите на платформата или за која не е надлежна локалната власт;
  • Секоја содржина со која би се ограничило или оневозможило користењето на платформата или на профилите на останатите корисници (спамови, вируси, малвери);
  • Секоја содржина која отрива лични или доверливи информации, како и објави кои ги загрозуваат или граничуваат правата на останатите корисници.
На платформата „мЗаедница“ строго е забрането:
  • Користење, преземање и злоупотреба на профили на други корисници;
  • Креирање лажни профили за ширење политичка пропаганда, дезиформирање и ширење лажни содржини;
  • Преземање дејствија кои се незаконски, согласно позитивно правните регулативи во Република Македонија;
  • Користење на платформата за остварување на лична, финансиска или материјална корист.
Администраторите на апликацијата имаат право да вршат надзор на содржината на апликацијата, со цел да се обезбеди усогласеност и почитување на овие Услови за користење, како и на кои било други правила пропишани од страна на администраторите на апликацијата, како и усогласеност со позитивната законска регулатива. Администраторите на апликацијата нема да бидат одговорни за која било грешка, неточност или други недостатоци, несоодветност или неизворност на информациите што се наоѓаат на платформата, како и за какво било доцнење или прекин во преносот на информациите до корисникот, за какво било побарување или загуба што произлегуваат од тоа, вклучувајќи и изгубена добивка.