мЗаедница е мобилна апликација која на граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да комуницираат со локалната самоуправа и да влијаат врз активностите кои ги превзема општината. Апликацијата има три основни компоненти:

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ,

СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИ И

ПОКРЕНУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ.

Апликацијата нуди можност за:

  • Директна комуникација со локална самоуправа
  • Поврзување со сите корисници на мобилната апликација
  • Поврзување со социјалните медиуми

Апликацијата мЗаедница е дел од проектот “Вклучена младина за м-партиципација” е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а го реализира Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

Овој проект е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на проектот на УСАИД за Граѓанско учество. Содржината е  одговорност на Блинк 42-21 и не ги изразува ставовите на УСАИД или Владата на Соединетите Американски Држави.